Интересна јавна понуда до нејзиниот сопруг упати сопругата на голманот на Аргентина Серхио Ромеро.
Покрај Меси, херој на Аргентинците е и голманот Серхио Ромеро кој имаше одлична вечер при изведувањето на пеналите против Холандија во полуфиналето. Тој одбрани два удари од 11 метри и е најзаслужен за пласманот во финалето.
Вечерва Ромеро има шанса со победа над Германија да стане првак на светот, а доколку успее да стигне до трофејот ќе добие награда и од својата сопруга.
-Победи ја Германија, стани светски првак и Ријана е твоја 10 дена. На моја сметка, му порача Елиана Герсио Ромеро на својот сопруг.
Преку социјалните мрежи се огласи и самата Ријана која вели дека Ромеро изгледа сосема добро.
Значи се е договорено, а останува само уште една „ситница“, Германија.