Сопругата на Шумахер пред нервен слом


Состојбата на Михаел е многу критична откако во неделата падна додека скијал во Мерибел на француските Алпи, каде ја повреди главата.

И додека лекарите во болницата во Гренобл се борат за животот на Михаел Шумахер, неговото семејство испрати соопштение да им се заблагодари на сите за нивната голема поддршка.

sumaher33„Сакаме да се заблагодариме на медицинскиот тим, бидејќи знаеме дека прават се што е во нивна моќ за да му помогнат на Михаел. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на луѓето од целиот свет, кои испратија пораки за поддршка и желби за Михаел побрзо да закрепне”, е пораката од семејството на Шумахер.

Но дефинитивно најмногу загрижена за животот на 44 -годишниот пензиониран возач на Формула 1 е неговата сопруга Корина Беч, која во моментов се соочува најтешките моменти во животот. Извори блиски на Корина велат дека е очајна во желба нејзиниот сопруг, со кого е во брак од 1995 година, да ја преживее оваа страшна несреќа.

„Корина е на работ на нервен слом. Останува храбра и силна само поради деца, но се плаши од најлошиот можен исход“,вели извор близок до двојката .

Двојката има две деца – Џина Марија (16) и Мик (14). Тие се воделе едноставен и мирен живот во Швајцарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1