Сопругата на Зоран Верушевски, Соња е обесштетена со 17 илјади евра за 175 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објави 360 Степени.
Инаку, Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од над 2, 5 милиони денари за „Пуч“.
За потсетување, тој беше притворен веднаш по бомбите, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.