Сопругот и загинал – на неверојатен начин успела да добие бебе од него


Камерон Робинет од Аризона не дочекал да му се исполни најголемата желба да стане татко, меѓутоа неговата сопруга Стефани веднаш смислила план – на интернет ја објавила нејзината трогателна приказна и ги замолила луѓето да донираат колку можат, за да собере средства за процедурата на земање сперма.

Допрени од нејзината трагедија, непознати луѓе веднаш почнале да уплаќаат пари и за неколку часа успеала да собере 11.000 долари.ergkeokgoegotrhthumbmedium500261-620x350

– Мојот вереник Камерон доживеа несреќа на мотор во петокот и денес е прогласен за мртов. Многу сакаше деца, а нашите семејства и јас решивме да го исполниме тоа. Ова бебе би било навистина сакано и окружено со прекрасно семејство. За жал, за оваа процедура е потребно да се уплатат 6.000 долари до утре навечер, а тоа е сума која ние не можеме да ја собереме. наместо цвеќиња и подароци во чест на Камерон, ве молиме да дадете донација за да вратиме дел живот од Камерон, неверојатниот, згодниот, духовит маж кој го сакам со целото мое срце – напишала таа во огласот.

Донациите набрзо почнале да пристигнуваат, а некои луѓе уплаќале дури по 1.000 долари.

– Бевме многу возбудени околу создавањето на семејство. Ми велеше дека веднаш треба да почнеме со тоа и не мора да чекаме до венчавката. Многу сакаше да биде татко и сега ја исполнувам неговата желба – вели 22-годишната Стефани

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1