Сопствениците на мотори ќе плаќаат паркинг


Сопствениците на мотори ќе плаќаат паркинг. Оваа нова давачка ја најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на седницата за советнички прашања. Одлуката за наплата за паркирање мотори треба да биде усвоена на седница на Советот наредниот месец. По нејзиното донесување, моторите кои ќе бидат непрописно паркирани ќе бидат казнувани од полицијата.

Висината на цената за паркинг на мотори се уште не е утврдена.

Прашањето за искористеноста на акцијата за ваучери за такси за алкохолизирани лица во рестораните, градоначалникот Шилегов го искористи да напомене дека акцијата била повод против него да се води црна кампања.

Градоначалникот Шилегов на седницата уште еднаш напомена дека додека трае неговиот мандат, нема да дозволи продавање роба на недозволени места, апелирајќи дивите продавачи да ги искористат бесплатните тезги на Бит пазар кои ги обезбеди градот, а најави и отворање на нов пазар во населбата Бардовци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1