Координаторот на руската опозициска партија Отворена Русија, на поранешниот нафтен магнат, Михаил Ходорковски, е сместен на лекување во британска болница, откако минатиот четврток, нагло се разболел, кога неговите бубрези и срцето откажале да работат, по што лекарите го ставиле во состојба на „контролирана кома.
Владимир Кара-Мурза (35) од денеска не е во кома, а неговите витални органи одново функционираат, без медицинските апарати на кои тој бил приклучен изминатите денови.
Лекарите засега немаат прецизно објаснување за наглото влошување на здравјето на Кара-Мурза, освен дека станува збор за дејство на „неидентификуван отров“.
Сопругата на Кара-Мурза која го откри случајот, за Скај, меѓутоа, тврди дека причина за неговата сегашна борба за животот, би требало се побара во „власта во Русија и во Кремљ“.
– Владимир плаќа висока цена за своето учество во руската политика, како припадник на опозицијата, изјави Евгенија Кара-Мурза.
Тој е поранешен новинар и дипломец на угледниот британски Универзите во Кембриџ, кој сега е во егзил во САД, поради, како што се вели, неговите демократски убедувања и критиките кон актуелната власт во Русија.
Во руската политика првпат се има вклучено пред минатогодишните парламентарни избори, промовирајќи се себе си и политиката на партијата Отворена Русија.
Минатиот четврток, тој се подготвувал да се врати во САД, кога неочекувано му се слошило, по што итно бил префрлен во болница.
Неговата сопруга тврди дека ова е втор пат, како бил направен обид за негово труење. Првпат тоа се случило во 2015 година, кога исто така, откажле да работат бубрезите, црниот и белиот дроб. И тогаш лекарите се сомневале во влијание на „непознат отров“.
Во Лондон се потсетува на случајот со убиството на поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко во ноември 2006 година, кој пред смртта работеше за тогашниот предводник на руските дисиденти во странство, Борис Березовски.
Литвиненко беше затруен со радиокативен изотоп, ставен во неговиот чај и почина по три недели во една лондонска болница. Британските власти и тогаш и сега веруваат дека тој е убиен во нарачано убиство, зад кое стои руската држава.