Сорос предвидува банкрот на Русија наредната година- спас од ова би било распаѓањето на ЕУ


Американскиот милијардер со сомнителен извор на приходи, Џорџ Сорос предупредува дека Русија ќе банкротира наредната година, бидејќи ќе стигнат странските долгови. Сорос на својот блог Project-syndicate.org. пишува дека популарноста на рускиот претседател е заснована врз „договор со јавноста“, според кој Путин мора да обезбеди финансиска стабилност и перманентен (макар и бавен) раст на животниот стандард.55597_soros_f

Но, пред есенските парламентарни избори руските власти нема да можат да ги одржат ветувањата, поради западните санкции кои се придружени од падот на цените на нафтата, предвидува Сорос.

Евентуален спас за Русија би бил распаѓањето на ЕУ, со што автоматски би се укинале санкциите кон поранешната советска република. Сорос смета дека Путин ќе извлече ќар при поделба на Европа, а ги искористил и антиевропските партии кои грижливо ги поддржува.

Сорос тврди дека Русија е виновникот за да се поттикне распад на ЕУ, односно со сегашната политика во Сирија влијаат на зголемувањето на бројот на бегалци во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1