Извикувајќи „Тој не е мој претседател“ илјадници демонстранти во текот на викендот излегоа на улиците во многу градови во САД за да продолжат да протестираат против новоизбраниот претседател Доналд Трамп, за кого велат дека е закана за нивните граѓански и човекови права. Полицијата во Портланд, Орегон, каде што еден демонстрант во саботата беше ранет со огнено оружје, соопшти дека уапсила повеќе од 20 лица откако демонстрантите не сакале да ги послушаат наредбите и да се разотидат и решиле да фрлаат шишиња кон полицијата, блокирале улици и новинарски екипи, пренесе Ројтерс, аналзиира ДНЕВНИК.
Најмасовните демонстрации беа во Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго. Во Њујорк неколку илјади демонстранти маршираа низ Петтата авенија пред да ја наполнат улицата пред кулата на Трамп, која е и негов дом.
Некои од протестите против победникот на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, се организирани од организации спонзорирани од страна на милијардерот Џорџ Сорос, кој е симпатизер на фамилијата Kлинтон, велат политички аналитичари. Во електронската пошта на шефот на изборната кампања на демократите, Џон Подеста, објавена од страна на организацијата „Викиликс“, има и стратешки документ во кој се споменува групата „Мув он“, која минатата недела, веднаш по изборите, издаде и соопштение по повод американските протести наведувајќи дека собирите, организирани од „Мув он“ и соработниците ќе го афирмираат отфрлањето на нетрпеливоста, ксенофобијата, исламофобијата и женомразието на Трамп.
– Знаеме дека Сорос стои зад многу обоени револуции во други земји и дека моментно го финансира тоа што може да се нарече полуобоена револуција во САД. Не знам дали тоа може да се категоризира како предавство, но сигурно е дека дејствува од сенка. Неговата единствена вредност е неговиот паричник. Неговата единствена цел е да создаде вид демократија што може да ја контролира и од која може да заработи – вели британско-српскиот аналитичар Марко Гашиќ за „Раша тудеј“.