Социјалните мрежи создаваат профили без ваше знаење


Ова предизвикува сериозен број луѓе да се откажуваат од користењето на ваквите онлајн-услуги со идејата дека ќе ја заштитат својата приватност.
Сепак, тоа не е сигурна заштита. Научниците од швајцарскиот универзитет ETH Цирих откриле дека постои начин за социјални мрежи да создаваат профили за луѓе што не се нивни корисници, пренесува списанието „Вајрд“.Facebook-Google-Yahoo

Тие преземаат архивирани и јавно достапни информации од една од првите социјални мрежи Френдстер. Научниците користеле модерни алгоритми за предвидување на настаните. Преку нив станува можно да се предвиди која е сексуалната ориентација на човек што не е корисник на дадената социјална мрежа. Точноста на препознавање е 60 отсто, што, според научниците, е доста висок резултат.

Според Давид Гарсија, кој е коавтор на студијата, преку сличен тип анализа може да се дознаат возраста, хобијата, присуството на романтична врска, дури и политичките убедувања. Според научниците, проблемот се должи на т.н. скриени профили. Благодарение на нив „Фејсбук“, „Гугл“ и другите слични големи компании што се потпираат на кориснички информации можат да ги добиваат дури од луѓе што не ги користат нивните услуги.

– Со овој метод на статистичка анализа е можно да се создаваат импресивни детални профили на луѓето – вели Гарсија.
Токму тоа се предметните скриени профили, кои се создаваат на луѓе што не се сомневаат за тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1