Соучесничката по убиството на Лука се истуширала и отишла на свадба како ништо да не било


Осомничените Тамара Богатиновиќ, Милица Новаковиќ  и Дана Маневски заедно со Марко Миличев по несреќата заминеле заедно.

Девојките откако се вратиле дома се измиле од крвта бидејќи се исекле во автомобилот, по што Тамара заминала на свадба, како ништо да не се случило.

ubistvo-luka500

– Морав да молчам за сè што видов таа кобна вечер. Возачот на мини-куперот ми се закани дека ако кажам еден збор ќе ми ги убие жената и дечињата. Знам дека со денови се трага по убиецот, знам дека цела јавност зборува за тоа, но не можев ништо да кажам од страв за семејството, рекол таксистот кој кобната ноќ го возел убиецот на Лука.

Како што пренесува српскиот Курир, во автомобилот со кој беше усмртен 21-годишниот Лука Јовановиќ, заедно со убиецот биле и трите девојки, како и Никола Лепен. На сослушувањето во полиција, Дана и Милица биле особено безобразни и дрски, а очигледно било дека знаеле каде се наоѓа автомобилот со кој беше усмртено младото момче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1