Совети како полесно да заспиете?


Несоницата може да биде и последица на стрес и пореметен биоритам.

Несоницата е последица и на жешките и ладни бранови кои најчесто ги мачатпостарите лица и хронично болните. Тешките болести кои исто така може да предизвикаат лош сон се болести на срцето, паркинсоновата болест, карциномот, реума, депресија и невролошки пореметувања.

Но несоницата може да се излечи, а вас ќе ве напушти кога ќе престанете да страдате од нешто и ќе почнете порано да легнувате и порано да станувате.

Проблемите со спиењето се знак дека треба да ги промените своите секојдневни лоши навики пред се вклучувајќи ја и храната. Немојте да консумирате чоколадо, премногу зачинета храна, кафе и енергетски пијалоци после 19 часот. Наместо овие намирници јадете лесни салати, варено јајце, зеленчук, сирење, риба, ориз и слично.

Топлото млеко и чајот од камилица исто така делуваат смирувачки.

Пред да легнете наполнете ја кадата со топла вода и додадете малку миризлива сол за капење. Поминете петнаесетина минути во кадата и обидете се да не размислувате ама баш за ништо.

Доколку пред спиење сакате да гледате телевизија избегнувајте акциони филмови и филмови со тежок заплет. Тие го будат вашиот мозок, вие станувате заинтересирани за содржината и нема ни да се обидете да заспиете се додека не заврши филмот.

Емисиите кои се занимаваат со животот на животните опуштаат бидејќи ораторот зборува со мирен, сталожен глас, кој како да е измислен за да ве заспие.

Ако ништо од ова не ви помогне немојте да земате лекови за спиење на своја рака, туку веднаш посетете го вашиот лекар.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1