Возењето во зимски услови бара внимателност, но и подготвеност за соочување со условите на патот.
Ова се најважните совети за возење во зимски услови на ниска температура:
Зимски гуми
Во овие услови ве советуваме да возите со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4 мм), како и синџири што се местат по потреба. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност.
Опрема
Не е лошо со себе секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
Планирање на времето
Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
Пред да тргнете…
За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорците и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на сопирачката и вклучете ја климата. На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и другите потрошувачи на струја што не ви требаат.
Раскомотете се во автомобилот.
За време на возењето
Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50 проценти подолг отколку во нормални услови.
Држете поголемо растојание со возилото пред вас.
Не менувајте го нагло правецот на движење.
Побавно забрзувајте, намалувајте ја брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунгот и постепено сопирање.
При влегување во свијок постепено одземајте ја брзината и сопирајте полека.
Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи – така најлесно ќе излезете од снегот.
На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.
Бидете колегијални во сообраќајот.
Гориво
Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во гратскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.