Советникот на Обама во заминување: Жал ми е што не ја обелоденив вистината за вонземјаните


Професорот по право, 66-годишниот Џон Подеста, кој во последната година ја вршел функцијата главен советник на американскиот претседател Барак Обама, објавил листа на своите најголеми достигнувања и несупеси за време на службата во Белата куќа.

obama sovetnik

Поранешниот советник на претседателот на САД во петокот се повлекол од таа функција, а на Твитер открил со што се гордее, а за што најмногу жали. Како свое најголемо промашување го навел тоа што на американскиот народ „ни овој пат не му ја открил вистината за постоењето на вонземјаните“.

Подеста овој твит го постирал со хаштагот #thetruthisstilloutthere (вистината е сѐ уште таму), алудирајќи на славната реплика од серијата Досиеја икс.

Правникот кој во деведесеттите години мина четири години како шеф на администрацијата на Бил Клинтон, признал дека вонземјаните од секогаш го фасцинирале.

За време на една конференција за медиумите во 2002 година, Подеста изјавил: „Време е конечно да ја објавиме вистината за вонземните облици на живот. Сметам дека Американците тоа би можеле да го поднесат“.

Две години претходно, тој го напишал предговорот за книгата „НЛО: Докази на генерали, пилоти и владини функционери“.

Сега кога Џон Подеста се повлекол од функцијата главен советник на Обама, американската јавност очекува тој активно да се влкучи во водењето на предизборната кампања на Хилари Клинтон. Тој, наводно, повеќе пати разговарал со поранешната прва дама и шефица на американската дипломатија за датумот на официјалното прогласување на нејзината кандидатура за претседателка.

MKD.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1