Советот на Карпош доби Претседател – коалицираа Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ


Стевче Јакимовски и ВМРО- ДПМНЕ и официјално си пружија рака. Сашо Лазаревски од коалицијата „За подобра Македонија“ стана претседател на Советот на о.Карпош, со подршка од советниците од Српската напредна странка. По изборот, екс- заменикот министер за локална самоуправа и поранашен директорот на „Водовод“, изрази надеж за соработка со сите.

stevco3-„ Ви благодарам за довербата која ми ја давате како претседател на Советот на о.Карпош. Сакам да ви посакам успешна работа во наредниот период на сите оние што гласавте, на оние што се присутни и оние кои што не се присутни… Сметам дека ќе имаме добра соработка, ќе бидеме во комуникации, ќе работиме во наредниот период во интерес на граѓаните на о.Карпош, целиот Совет и Градоначалникот. “- изјави во своето обраќање по изборот претседателот на Советот на о.Карпош, Сашо Лазаревски

За Лазаревски, не се изјаснија советниците од редовите на „Сојузот за иднината“. Му честитаа пред гласањето и одлучија да ја напуштија седницата додека траеше изборот. Не поради него, туку поради начинот на закажување на седницата на која нивниот довчерашен сопартиец, градоначалникот Јакимовски, коалицираше со ВМРО- ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1