Трагедија: 6 год дете се удави за да го спаси помалото братче – ги нашле во згрчена прегратка


Шест годишниот Бранислав Николиќ настрадал додека се обидувал да го спаси 4-годишното братче Никола кое паднало во бара во близина на нивната куќа во село кај Сомбор.

branislavЛекарите во болницата во Нови Сад се уште се борат за животот на малиот Никола, кој е во кома и на апарати.

-Тие двајца си играа покрај барата со осум годишно девојче, сосед. Се уште не знаеме дали случајно паднале во водата или Никола влегол да се бања, изјавил чичкото на момчињата.

Соседот Радомир Ѓукиќ кој прв притрчал да им помогне, вели дека девојчето дотрчало кај него и му рекло дека Никола и Бранислав паднале во водата.

mesto-Никола прв паднал во водата и почнал да се дави, а Бранислав скокнал по него да го спаси братот. Влетав во дворот на нивната куќа и на таткото Срѓан му кажав што се случило.

Се стрчавме кон барата и почнавме да ги бараме. Со ногата допрев нешто, ја спуштив раката и вриснав: „Срѓан еве ги“. Ги најдовме во згрчена прегратка, изјавува потресениот сосед кој го извадил Бранислав, додека таткото го извадил малиот Никола.

На постарото братче му немало спас, додека онесвестениот Никола бил префрлен во Детската болница во Нови Сад.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1