СПАС: Нема веќе гужви – семафорите ги управува компјутер, ќе има табли со инфо каде има гужва


Возачите во Скопје од септември ќе почувствуваат значителна промена додека се движат по улиците – онаму каде што има метеж, зеленото светло ќе трае подолго, чекањето ќе биде пократко, а колоните ќе останат само спомен. Освен заштедата во време и покусите патувања без нервози, граѓаните ќе штедат и бензин, а и аерозагадувањето ќе се намали. Сето тоа ќе се случи благодарение на новиот сообраќаен компјутерски систем што Градот го пушти во употреба на 26 јули, наречен Центар за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС), пишува Дневник.

partizanska-semaforВо него носечката улога ја има „умната“ компјутерска програма. Ѕидот во опремениот ЦУKС е преполн со големи монитори на кои се гледа движењето на илјадници автомобили на 30 булевари и улици во градот. Сигналот го праќаат поставените ротирачки камери на семафорските лантерни, поточно електронските јамки, кои се наоѓаат под асфалтот. Kамерите се одделно поставени од оние што ги монтираше МВР за сопствени потреби. Со камерите не се снимаат лица и регистарски таблички туку институционално го набљудуваат сообраќајот. Тоа значи во моментот, со една цел – да го регулираат метежот, но немаат архива со снимки.

Софтверот брои и памети колку возила се движат на сообраќајниците и потоа овозможува проток во било кој период од денот, месецот и годината. Тоа функционира така што при регистриран метеж долгото зелено светло се вклучува автоматски или рачно. Посебен третман во метрополата конечно ќе имаат возилата на Противпожарната служба, Итната помош или на полицијата. Вработените во службите имаат можност да се јават во Центарот и да побараат да им ги отворат семафорите за побрзо да стасаат на саканата дестинација.

На неколку локации низ Скопје веќе се поставуваат и електронски табли на кои секојдневно граѓаните и возачите ќе може да прочитаат каде дента има метеж, каде се копа коловоз, дали некоја улица е затворена или има сообраќајна незгода, с` на с` – податоци на тацна каде да се движат за да избегнат калабалак. Знаците ќе имаат променлива содржина, а ќе ги ажурираат вработените во Центарот за контрола и управување со сообраќајот (ЦУKС).

Дисплеите ќе бидат на следните локации: кај Општината Гази Баба, кај Зоолошката градина, на улицата Борис Трајковски (поранешна Првомајска) и на булеварите Партизански одреди и Јане Сандански.

Истите податоци ќе може да се прочитаат и на веб-страницата на ЦУKС, а ќе може да ги гледаат оние што поседуваат паметни мобилни телефони.

Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1