Спас од високи сметки – Татко и син измислиле евтино затоплување!


Стипан Прчиќ (65) од селото Швајцарница со помoш на неговиот син Давор (37) сламата од соја вредно ја собирале, балирале и складирале во голем хангар во дворот чекајки ја зимата. Сега се затоплуваат на пријатни 23 степени целзиусови и ден и ноќ и тоа за само 500 куни (65 евра) месечно.

Таткото и синот сами осмислиле и конструирале печка и така успеале да ја реализираат дамнешната желба на Стипан за енергетски ефикасно и еколошко затоплување. Станале единствените во Хрватска кои во моментов се греат на овоj природен и најевтин енергенс.

slika-slama-1Дури сега, голем број од неговите соседи доаѓаат по совет како да направат таква печка, но не веруваат дека е навистина толку евтино.

– печките за греење на слама веќе постојат, но тие се мали и не се предвидени за системско греење на целата куќа. Пред 20тина години во странство слушнав за централно греење на слама и со години размислував за тоа. Во домот веќе неколку години имаме централно греење и првo се греевме на плин, а потоа на дрва, вели Стипан.

Но таквиот начин на затоплување им бил навистина скап и ги чинел дури и до 2000 куни месечно. Стипан по занимање е заварувач, а неговиот син е електричар па затоа одлучиле сами да направат се што им е потребно.

– Од две цистерни од плин кои ги имавме, одлучивме да направиме една голема. Печката ја изолиравме за да не ја губи топлината, го заваривме оџакот и извлековме цевка под земјата до подрумот од куќата каде се наоѓа главниот вод. Во печката во која ставаме слама има 3200 литри вода која се грее. Ја извлекуваат пумпи и ја разнесуваат преку цевките до радијаторите низ куќата, објаснува Стипан, кој ја полни печката два пати дневно. Наутро става три и навечер уште три бали слама.

Потребно е да се има хангар за складирање на сламата за да не се намокри, а тие имаат и своја слама бидејки произведуваат соја.

slika-pecka-482x272-Во текот на зимата трошиме околу 1000 бали слама, вели создавачот на големата печкат за полнење слама додавајки дека овој начин на топлење е исплатлив за оние кои имаат своја слама.

Имаме своја слама бидејки произведуваме соја, а таа е најкалорична и подолго гори, вели Стипан, кој и самиот бил изненаден од одличниот резултат на својата супер идеја.

Затоплувањето на биомаса како што е сламата, пченката, стеблата од сончоглед, пилевината се повеќе се користат во некој од земјите во Европа, како што се Италија и Словенија. Поради тоа сламата е се по барана роба во земјите од ЕУ. Соселаните на Стипе заработуваат по 100 евра за хектар слама. Ја купуваат Унгарци, кој доаѓаат во Хрватска за сами да ја балираат. Тоа е веќе вносен бизнис бидејки до неодамна овие селани ја палеле сламата, а сега можеби ќе започнат да ја користат и за еколошко греење.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1