Спаска Митрова не го доби спорот против РМ во Стразбур


Државата не го повредила членот 8 од Европската конвенција за човекови права со кој се гарантира правото на почитување на приватниот и семеен живот зашто сите државни органи кои биле инволвирани и одлучувале во предметот, постапувале согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и го имале предвид најдобриот интерес на детето.spaska-mitrova

Ова го утврдил Судот во Стразбур по апликацијата поднесена од Спаска Митрова за повеќето одлуки донесени од управните органи и судските инстанци во Република Македонија, со кои биле уредени правата на видување, чување, воспитување и издржување на нејзиното дете, Сузана Савиќ.

Како што соопшти в.д. директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП Костадин Богданов, пред Европскиот суд за човекови права Митрова се жалела по однос на изречената затворска казна поради нејзиното одбивање да дозволи видување на нејзината ќерка со поранешниот сопруг, како и на пресудата на Врховниот суд на РМ со кое и било одземено правото на чување, воспитување и издржување на нејзината ќерка.

Савиќ по разводот на нејзините родители во 2007 година, била ставена под старателство на нејзината мајка Спаска Митрова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1