Спасов: Никогаш не сум соработувал со тајните служби


Поранешниот министер и амбасадор, Ѓорѓи Спасов, негира дека соработувал со безбедносните служби.  Во писмена изјава до медиумите тврди дека, тоа не може да се заклучи од ниту еден од наводните  докази што Комисијата за лустрација  ги има поставено на својот веб сајт во прилог на решението за негова лустрација.

„ Тој процес добива карикатурални димензии до таа мерка, што одлуките на таа Комисија веќе се доживуваат како орден за заслужните опозиционери на сегашната власт. Добро е што граѓаните имаат можност сами да ги прочитаат доказите за наводната соработка и сами да се уверат во политичката инструментализација на Комисијата,“ Ѓорѓи Спасов

gjorgji spasov 2

Според него, Комисијата утврдила дека е соработник врз основа на произволни белешки напишани од локален полицаец. Правдата ќе ја бара пред Управниот суд, а ако и таа одлука не биде праведна, најавува жалба до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург. Убеден е дека еден ден кога судот во Стразбур ќе ги поништи овие одлуки, многумина ќе се срамат од нивната валкана улога во овие политички процеси и ќе одговараат за стореното.

Лустраторите утврдиле дека Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години, а неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив.Во документите кои ги објави Комисијата, се вели дека ја известувал Службата за државна безбедност за неколкумина македонски граѓани, кои биле оценети дека се анархо-либерали. Тврдат дека, како асистент во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, главно давал информации со цел расчистување со поголема група од весникот „Студентски збор“ кои сакале да воведат полиберални ставови во весникот и иницирале собирање на потписи во градот во знак на поддршка на синдикалната организација „Солидарност“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1