Спасовски и Ременски не дадоа заклетва, ресорите ги презема Димитриев


Собранието вчера ја избра преодната Влада. На седницата не беа присутни двајцата министри на СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски кои не присуствуваа ниту на свечената заклетва.novi ministri przino

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски појасни дека, според законот, во таков случај функцијата министер за внатрешни и функцијата министер за труд и социјала ќе ги извршува премиерот Димитриев.

„Доколку досегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика не дојдат навреме или не ги потпишат заклетвите коишто се должни да ги потпишат како министри во Владата на Р. Македонија, тогаш почитуван колега вие од вечерва нема бидете само премиер, туку ќе бидете и министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, се додека согласно Уставот и Законите, како што треба секој министер не даде и не потпише свечана заклетва дека ќе работи согласно Уставот и Законите“, рече Милошоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1