Спасовски: Македонија горда на одржаните фер, демократски и мирни избори


По долго време Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори, оцени денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршување на вториот круг од изборниот процес на Локалните избори и се заблагодари на полицијата за покажаната професионалност и успешното и ефикасно извршување на зададените задачи.

– Не се забележани серозни нарушувања на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните. Заради основани сомневања за сторени кривични дела против изборите досега се приведени седум лица, информираше министерот Спасовски и додаде дека приведено е уште едно лице за физички напад, но дека сеуште се работи за овој случај за да се утврди дали се работи за изборниот процес.

Во полициската станица Битпазар приведени биле две лица поради сомнение за сторено кривично дело поткуп на избори и гласање. Приведени биле и пет лица кои ги фотографирале избирачките ливчиња од гласањето, од нив три се во Скопје, а по едно во Пробиштип и село Дулица.

Во Скопје се фотографирале гласачки ливчиња на гласачкото место во ОУ „26 ЈУли“, на гласачкото место во месната заедница Црниче и на гласачкото место во ОУ „Васил Галвинов“. Против овие лица, како што рече, министерот Спасовски ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.

За нападот за кој претходно информираше министерот приведено е едно лице од Шуто Оризари и се работи на целосно расчистување на случајот.

Одговарајќи на новинарско прашање за пријава во внатрешната контрола на МВР, министерот рече дека пријавени се два случаја што е помалку во однос на првиот изборен круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1