Спасовски наредил да се одземат возилата кои се користеле неовластено


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во понеделникот истакна дека постојат сериозни индиции за злоупотреба на одредби кои ги регулираат начинот на обезбедување  и користење на службени возила на МВР, како и дека наредил укинување на неовластените привилегии.oliver spasovski

Постојат докази дека службени возила и обезбедување на МВР користеле и личности кои не ги исполнуваат условите, како и личности на кои воопшто и не им следуваат возила и обезбедување, истакна Спасовски.

Тој наведе неколку личности кои користеле обезбедување и возила на министерството и рече дека издал наредба веднаш да бидат одземени.

Според министерот за внатрешни работи, на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков им следува обезбедување една година по престанок на мандатот и тие со решение се покриени.

Тој, исто така, истакна дека целиот случај се уште се истражува, а од одговорните е побарано да бидат доставени службени белешки  за тоа врз која основа се издадени усни наредби за користење на службено обезбедување и возила.

Воедно, била издадена наредба да се изврши проценка колкава финансиска штета е нанесена на министерството, како и тоа кој од раководните лица вршеле злоупотреба , односно кои користеле службени возила 24 часа.

Сепак според информациите – Закани по сигурноста и личната безбедност е причина поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на денешната прес конференција на Оливер Спасовски

Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските се дел од работите поради кој е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица.

Многу логично е да се овозможи обезбедување на еден Јохан Тарчуловски кој по враќањето од Хаг добива секојдневно закани по личната безбедност од радикални албански елементи поврзано со судскиот процес кој против него е водеше. Такви закани по неговата лична безбедност и безбедноста на неговите семејства може да се забележат и на неговиот ФБ профил, но и на видео сервисот Јутјуб.

На списокот на Спасовски се најде и пратеникот Амбди Бајрам кој пак март годинава беше физички нападнат од насилна група во центарот на Скопје. Тој со возило на Брза помош, бил пренесен во болница, откако беа констатирани видливи повреди. По пресот на Спасовски Бајрам тврди дека ништо од ова не е точно и дека информациите на МВР се погрешни.

– Никогаш не сум користел возило на МВР. Многу е ниско вака да се обвинува, изјави Бајрам.

Џуклески кој исто се најде на мета на Спасовски ги отфрли обвинувањата и достави докуметни според кои во 2009 година му бил назначен единствено возач заради природата на неговата работа како координатор за гранично управување. Тврди дека никогаш немал полициско обезбедување, а службените возила кое го користи не се на МВР туку му биле доделени на телото со кое управува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1