Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800 илјади евра, а приведен е и висок полициски службеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.
Засега нема подетални информации.