Спасувал други кога добил страотна порака од детето – „Тато спаси ме, јас сум на покрив“


Беше тешко тоа што два дена бевме без храна и вода, но кога на колегата Александар Марковиќ му стигна СМС „Тато спаси ме, јас сум на покрив“, се заледив, раскажува за Блиц припадник на тимот за спасување на вода од Секторот за вонредни ситуации.

vatrogasac-stojcic-500Моментот кога вечерта меѓу петокот и саботата неговиот колега ја примил оваа порака, за пожарникарот Радован Стојичиќ бил најтежок од сите шест дена кои ги поминал во Обреновац спасувајќи луѓе од поплавените куќи.

-Веќе бевме на граница на издржливост. Ноќ е, луѓе викаат. Бараат помош. Пукаат со пиштоли во воздух за да дојдеме по нив. И на Александар, кој инаку е од Обреновац, му стигнува порака. Само ја затвори вратата од камионот и тргна по ќерката. Сам.

Не смеев никој да пратам со него. Два часа не знаевме што е со него. Успеал да најде чамец и да ја тргне од покривот.

Подоцна со хеликоптер успеавме да ја евакуираме, раскажува за драмата припадникот на тимот за спасување кој има 20 годишно искуство.

Тој и неговиот тим шест дена без престан спасувале луѓе од градот, а два дена дури немале ни храна, ниту вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1