Спектакл: Метеорски дожд го покри небото од Скопје до Вашингтон (Фото)


Синоќа над небото се одигруваше вистински спектакл, кој можеше да се збалежи и на небото над Скопје. Имено, на двете земјини хемисфери, од Скопје до Вашингтон, на небото можеше да се види прекрасен дожд од метеори.

Foto: Blic.rs

Foto: Blic.rs

Станува збор за најдолгиот дожд на метеори во годината, при што во еден час можат да се видат 120 метеори од речиси секоја точка на Земјата.

Дождот од метеори се јавува кога Земјата се пробива низ облак на кометска прашина. Ситни делови на кометата, не поголеми од зрно песок, горат кога ќе влезат во Земјината атмосфера и тогаш светат.

Foto: Blic.rs

Foto: Blic.rs

 

Геминидите, како што се нарекува овој дожд од метеори, се всушност остатоци од угаснатата комета 3200 Feton, за која во НАСА првобитно мислеле дека е астероид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1