Специјалната болница „Филип Втори“ ќе стане медицински партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“


Во реализација на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ за медицински партнер се вклучува Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.

– Задоволството е обострано бидејќи се воспоставува конекција помеѓу најдобриот со најдобриот во името на здравиот дух и здравите животни навики кои ги пропагира нашиот капитен Кирил Лазаров како врвен професионалец и Академик д-р Жан Митрев врвен кардио-хирург кој 15 години од основањето на болницата„Филип Втори’’ постојано работи во тој правец, подигање на здравствената култура кај населението, соопштија одговорните за кампот.Кире Лазаров - Филип II (2)

Средбата меѓу ракометарот на Барселона Кирил Лазаров и Академик д-р Жан Митрев ќе се случи кон крајот на месецов, со што ќе се официјализира оваа соработка.

По иницијатива на Академик д-р Жан Митрев сите деца пред да заминат во Охрид, ќе имаат можност во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ да добијат комплетен медицински систематски преглед. Истиот ќе вклучува контрола на целиот организам на децата, работа на виталните органи, со сите потребни проверки за да бидат максимално посветени на спортскиот предизвик во тие седум дена, колку што ќе трае кампот.

Тим на „Филип Втори“ кој ќе биде присутен на кампот ќе се состои од два лекари, физиотерапевт, и психолог и ќе биде максимално посветен на децата преку 24-часовен здравствен мониторинг.

Едукативниот дел од кампот кој ќе го организира „Филип Втори“ ќе содржи три интерактивни работилници на тема: „Во здраво тело здрав дух“ , „Здравјето и исхраната“ и „Спортот и здравјето“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1