Ме јаде вина – Да не направев глупост Жаклина уште ќе беше жива


Чувствувам вина затоа што не го пријавив тој монструм во полиција. Ако го пријавев Жаклина се уште ќе беше жива, вели Иван Грујиќ, поранешното момче на убиената Жаклина од Србија.

– Кога ја запознав имав друга девојка, но многу ми се допадна. Бевме во врска еден месец, но раскинавме бидејќи се оженив со друга. Тој брак траеше неколку месеци, па ја побарав Жаклина. Дознав дека се омажила за Стеван, но за мој инает, вели тој за српскиот Курир.ivan-grujic-zaklina-kojic-ubio-zenu-batine-bivsi-momak-jagodina-foto-neboj-1428351197-635701thrtrt

Тој се изненадил кога пред две години добил повик од сега убиената. Му  рекла дека Стеван ја малтретира и тепа и не може да издржи. Ја видел со страшни модринки по телото.

– Ја молев да одиме во странство заедно со децата, но се плашеше и не се согласи. И беше страв од насилникот со кој живееше, додава Иван.Screenshot_80

Кога љубоморниот Стеван го викнал да се видат, Иван му кажал дека не е со неговата сопруга и дека немал секс со неа, но не му поверувал.

За потсетување, насилникот ја претепа Жаклина, а таа почина од тоа што органите и експлодирале од насилните удари. На монструмот рацете му беа модри од тоа што крвнички ја тепал сопругата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1