Специјално одделение во затворот Идризово за терористите на ИСИС


Нов блок за борците од ИСИС или други терористички организации се подготвува во затворот Идризово со посебни услови, надзор и работа со социолози, психијатри, пренесе 24Вести.

Ова доаѓа откако Институциите ги дочекаа седумтемина терористи од исламска држава во стари услови во притворското одделение во Шутка и без посебна програма за ресоцијализација на осомничени лица.

– „Се размислува на кој начин да се внесе и верско лице кое ќе работи со тие затвореници но за тоа првин треба да собереме искуства од земји каде се практикува тоа. Потоа да испратиме на обука верски старешни за да се стекнат со искуство. Сооглед дека таквите затвореници се враќаат од подрачја зафатени од војна и си ги носат тие трауми се наметнува потребата кога се на издржување на казна од страна на стручни психолози да имаат засилен надзор и работа“, вели заменик националниот координатор за борба против тероризам Златко Апостоловски, пренесе телевизијата.

Апостоловски вели дека една од целите на комитетот чијазадача е борба против тероризамот и насилниот екстремизам е интегрирањето на осудените борци откако ќе им заврши казната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1