Специјалците во потрага по исчезнатите – 6 ден го бараат исчезнатото бебе


ЕБР, ЕСЗ, ПЕП од рано утрината се вклучија во нова потрага по исчезнатите лица. На дадена задача над 50 припадници на единиците тргнаа да го пребаруваат реонот од автопатот меѓу Смилковско езеро Камник и Стајковци . По наредба на началникот специјалците се распоредија на метар одалечени еден од друг и тргнаа во правец кон куќите. Во први редови беа активирани полициските кучиња трагачи. 4 годишниот лабрадор Клеа и 6 годишна Вена раса белгиски овчар го душкаа секое парче земја.policija poplavi3

– Оставете ги кучињата напред ре двас и секоја нивна реакција ќе ја почитуваме доколку има нешто ќе се проверува…

Секое место каде имаше предмет, насади,дрвја, нерамнини се копаше со алат. Специјалците користеа и специјална направа ориентир за поефикасно пребарување. На места каде има сеуште многу вода беа вклучани и нуркачите.

– Бидете кај патот за секоја потреба од вас ќе ве повикаме да реагирате.

Површината беше полувлажна и со големи количини на кал па така и движењето беше отежнато. Детално се пребаруваа каналот и мочуриштата.

– Внимавајте крајно десно кај каналот кај грмушките проверете внимателно. Примено праќаме повеќе луѓе.policija poplavi

Се подигнуваа и автомобилите кои невремето ги исфрли во нивите. Специјалците не оставија ништо на случајот. Секое сомнително ќесе, искршена раткапна или парче облека беше приоритет да се провери.

– Проверете под возилата и најлоните кои се таму.

Кога стигнаа до пред куќите началникот даде наредба за трагање назад према автопатот но во делот каде претходно денеска не поминале.

За цело време хеликоптерот на МВР го надлетуваше теренот и по наредба го приземјуваше на неколку места. Просторот е огромен и изгледа буквално како корито од вештачко езеро.

Дека се работело за страшно невреме во тежок терен сведочи сликата која и по 6 дена од врнежите сеуште има вода а калта буквално како магнет влече надолу и тешко се движи.

По неколку часа пред самиот автопат специјалците почувствуваа реа во близина на каналот до обиколницата. Ги пуштија кучињата и ја прекопуваа земјата.

Кучињата трагачи до сега помогнале полицијата да пронајде голем број лица и во различни временски услови.

Денешната истрага заврши без резултат. Се трагаше повторно на местото каде семејството Фејзула пријави дека е исчезнато 16 месечното бебе а по два дена од невремето е пронајдена жива нејзината мајка. Според познавачите на оваа проблематика многу е тешко по бура каква што го погоди овој реон да се пронајде лице онаму каде е пријавено за исчезнато. Огромното количество на вода се претпоставува дека било со капацитет да може да го одведе телото во друг правец или во подалечно населено место. Полицијата трага буквално на цела територија каде зафати силното невреме. Првиот ден беа пронајдени неколку безживотни тела кои водата ги исфрлила во близина на автопатот, селото Стајковци клучката кај Арачиново. Специјалците евакуираа и две лица од канал во Стајковци и спасија неколку животи од подрумски и други простории во зафатените подрачја.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1