На црковно место, без дозвола е поставен споменик на албанските војници кои пред еден век воделе битка со Македонците против српскиот окупатор, јавува Канал 5.
Спомен обележјето самоволно го поставиле мештаните од селата Радолишта и Тефериќ. Наводно имале усно одобрение од Зијадин Села – градоначалникот на Струга.
Писмено одобрение нема. Претставниците на надлежните институции бараат споменикот да биде отстранет, да се отвори научно – стручна дебата за историското значење на овој настан, па потоа да се реши дали треба или не вакво спомен – обележје и каде би требало да биде подигнато.