Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд


Споменикот на Андон Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје.

Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.

Споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

За поставувањето на споменикот од страна на работна група во Министерството за култура беа утврдени бројни законски прекршувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1