Споменици на љубовта: Пет најубави љубовни подароци на сите времиња


Историјата памети големи љубовни приказни и грандиозни гестови, а во продолжение дознајте кои се петте најубави кои засекогаш останале да ја симболизираат љубовта.tadj mahal 2

Од абдикацијата на Едвард Осми, поради бракот со “обичната смртничка” Беси Валис Варфилд, до изградбата на величествени споменици во чест на своите подобри половини… Историјата памети големи љубовни приказни и грандиозни гестови.

Во продолжение погледнете кој ја добил титулата за најдобар подарок за Денот на вљубените, односно уверете се дека овој празник на љубовта особено се одбележувал во времето на изградбата на овие романтични ремек-дела.

❶ Таџ Махал во Индијаtadj mahal 1 Могулскиот владетел Џахан Шах ја дал наредбата да се изгради овој величествен споменик на љубовта во чест на својата прерано почината жена Мумтаз Махал во градот Агри, во индиската сојузна држава Утар Предеш.

Овој симбол на љубовта се смета и за врвно остварување во исламската уметност, односно претставува комбинација од елементи на персиските и индиските архитектонски стилови. Од 1983 година, оваа градба се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско наследство.

❷ Палатата Мирабел во Австријаmirabel Австрискиот надбискуп Волф Дитрих вон Рајтен на својата сакана љубовница Салома Алт и мајката на дури 15 негови деца, ја изградил оваа прекрасна палата и ги уредил градините околу неа во 1606 година во Салцбург. Оттогаш палатата доживеала бројни реновации, но и ден денес е исклучително посетена туристичка атракција.

❸ “SweetHeart Abbey” во Шкотска

sweetheart abbeyОвој манастир во непосредна близина на градот Дамфрис во Шкотска е основан во 1275 година од страна на Лејди Дерворгил од Галовеј, во знак на сеќавање на сопругот Џон де Балиола.

Богатата романтичарка ја оплакувала смртта на својот сакан сопруг и го чувала неговото балсамирано срце, со кое била и закопана во 1290 година.

❹ Палатата Торенвуд во САД

OLYMPUS DIGITAL CAMERAАмериканката Ана Торен посакала грандиозна палата во 1907 година, а набрзо потоа нејзиниот богат сопруг Честер Торен купил англиската палата стара речиси четири векови.

Со брод ја пренел секоја од циглите од градбата во сојузната држава Вашингтон, каде што под водство на славниот архитект Киртланд Кеси ја изградил палатата Торенвуд, која и денес може да се посети, па дури и изнајми.

❺ Палатата Кели во Малезија

keli malezijaВилијам Кели Смит посакал да и оддаде почит на својата сопруга и да го прослави раѓањето на својот прв син, па во малезиската држава Перак одлучил да изгради грандиозна палата.

Големиот љубител на индиската култура и архитектура, одлучил целата палата да ја уреди во тој стил, па секоја цигла ја донел од таа голема земја. За жал, неговата прерана смрт го спречила во завршувањето на градбата на оваа палата, која денес сведочи како уште еден прекрасен симбол на една голема љубов.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1