Спомениците биле преплатени за осум милиони евра


Ако Општина Центар ги избрала најевтините понуди на конкурсите за изработка на спомениците, ќе заштедела 8 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај за спомениците од проектот „Скопје 2014“, што го нарача градоначалникот Андреј Жерновски, а го изработеа Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

Skopje-plostad-300x300Во извештајот е наведено дека Општината ги фаворизирала двете фирми „Фердинандо Маринели“ и „Баѕанти“ од Фиренца, кои имаат ист сопственик, кои во првите две години од почетокот на проектот „Скопје 2014“ добиле најголем дел од тендерите за изработка и за леење на спомениците, иако имале највисоки понуди. Останатите фирми-понудувачи, според комисијата ангажирана од Центар, имале значително пониски понуди, и до два и пол пати поевтини, но биле дисквалификувани со нејасни и непотполни образложенија.

Kомисијата утврдила случаи кога с` до изборот на идејното решение авторот се придржувал кон условите на конкурсот, а во фазата на непосредно преговарање доаѓало до значително отстапување од проектната програма. Kако пример Малиновски го наведе случајот со споменикот „Воин“ каде што во проектната програма било предвидено да се направи скулптура на воин со фонтана, а со авторот бил склучен договор за скулптура на воин, четири фонтани и дополнителни скулптури.

Градоначалникот Жерновски изјави дека по овие наоди не е лесно да се биде ладнокрвен.

– Ова, благо речено, се шокантни сознанија, кои во голема мера ќе влијаат врз случувањата понатаму. Ова ги надминува и најсмелите предвидувања. Дури сега ми станува јасно зошто беше целата оваа битка околу Центар. Ова беше најавуван од Владата како еден од најголемите проекти, но ќе излезе дека е најголемата афера. Бевме уверувани дека се работи за патриотизам и за историско градење, но овде се работи за крадење – изјави Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира Андреј Жерновски без понатамошни одлагања и без обиди за изнаоѓање изговори да поднесе кривични пријави против тие за кои сметаат дека ги прекршиле законите, а поврзано со проектот „Скопје 2014“

– ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се оди до крај. Ние нема да отстапиме. Ние сме сигурни во своите политики и тврдења и нема да им дозволиме и во иднина да се расфрлуваат и да вадат од ракав разни суми, кои денес се 8 милиони, вчера беа 200 милиони, пред тоа беа 500 милиони. Се тресеше гората, се роди глушец. Нема фанфари, нема битки на Жерновски против власта, нема револуции и востанија на СДСМ, денес има една паушална и смешна информација од Општина Центар за наводно проблематично постапување. Би сакале да ги потенцираме следните факти: во сите постапки се почитувани правните нормативи од Законот за јавните набавки и од сите материјални закони, во секоја постапка се почитувани правото на жалба, надзор над спроведувањето на набавката, комисиското одлучување, одлучувањето за намената на средствата, спроведена ревизија од надлежните државни органи итн. – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1