Според ’изгубеното евангелие’ Исус ја оженил Марија Магдалена


Според ракопис чијашто старост се проценува на повеќе од 1.500 години откриен во British Library, Исус Христос ја оженил Марија Магдалена и со неа имал две деца, пишуваат британските медиуми.

isus-hrist-foto-wikipedia-1396621487-473723

Таканареченото „Изгубено евангелие“, коешто е преведено од арамејски јазик, наводно открива изненадувачки поединости, пишуваат медиумите во Велика Британија.

Професорот Бари Вилсон и писателот Симча Јакобовици со месеци ги преведувале текстот во којшто, според нив, се тврди дека Исус имал две деца и дека Дева Марија била негова сопруга а не мајка.

Многумина експерти ги минимизираа историското значење на оваа женска библиска фигура, меѓутоа, според споменатите преведувачи, нејзиното значење е многу поголемо отколку што досега се мислеше.

Ова ткн „Изгубено евангелие“, не е првиот спис во кој се тврди дека Исус Христос се оженил со Марија Магдалена, но на такви во прв ред се потпираа контроверзните уметнички дела, како на Никос Казанѕакис „Последното Христово искушение“ од 1953 година, и „Кодот на Давинчи“ на Ден Браун од 2004 година.

За среда е најавено дека преведувачите ќе ги објавата и имињата на наводните деца на Исус и Магдалена, според овие материјали

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1