На денешното рочиште за “Центар” СЈО побара од судот на Никола Груевски да му се суди во отсуство и мерка притвор штом биде достапен на МВР.
Одбраната смета дека предлогот на обвинителството е неоснован, бидејќи според членот 365 став 3 обвинетиот треба да се наоѓа во бегство и треба да биде недостапен на органите за прогон.
– А соопштенијата на МВР упатуваат дека Груевски е достапен на МВР Унгарија и дека тој се наоѓа таму за да бара политички азил, рече адвокатот Димитар Дангов.
Советот одлучи да го суди Никола Груевски во отсуство, а за мерката притвор судот ќе чека одговор од Собранието дали на пратеникот Никола Груевски може да му се одреди мерката притвор.