Македонското шоу „Танц со ѕвездите“ со првиот скандал во втората сезона.
Продуцентите на шоуто сфатиле дека учесниците сами си пракале смс пораки и така си обезбедувале опстанок во играта.
„Од денеска, продуцентите го ограничија просторот за манипулации со тоа што донесоа одлука од еден ист телефон да важат најмногу 10 смс гласови, а парите од евентуалните други гласови да одат само во хуманитарни цели“, вели учесничка во ова популарно шоу за Либертас.
Еден од учесниците од својот телефон гласал дури 300 пати за себе.
„И сега сигурно ке има такви манипулации, но сепак со овој потег ке бидат сведени сепак на минимум“, вели изворот на Либертас.