Триесетиседумгодишен маж е уапсен во Њујорк бидејќи во катедралата Свети Патрик влегол со бензин и запалка.
Мажото во катедралата ва Менхетн влегол околу полноќ по средноевропско време и се соочил со обезбедувањето, наведува полицијата, пренесува Ројтерс.
Потоа тргнал да излезе, но со бензин го полеал подот, а озбезбедувањето за тоа ја известило полицијата.
Веднаш бил уапсен и однесен на испитување, рекол Џон Милер, заменик шефот на известуачката служба и противтероризам на полицијата во Њујорк.
Милер рекол дека е прерано да се каже дали станува збор за тероризам или не.