Спречен пожар во уште една катедрала – маж уапсен откако влегол во црква со запалка и бензин


Триесетиседумгодишен маж е уапсен во Њујорк бидејќи во катедралата Свети Патрик влегол со бензин и запалка.

Мажото во катедралата ва Менхетн влегол околу полноќ по средноевропско време и се соочил со обезбедувањето, наведува полицијата, пренесува Ројтерс.

Потоа тргнал да излезе, но со бензин го полеал подот, а озбезбедувањето за тоа ја известило полицијата.

Веднаш бил уапсен и однесен на испитување, рекол Џон Милер, заменик шефот на известуачката служба и противтероризам на полицијата во Њујорк.

Милер рекол дека е прерано да се каже дали станува збор за тероризам или не.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1