Во Париз беше спречен самоубиствен напад на Ајфеловата кула кои планирале да го спроведат муслиман и муслиманка по повод “прослава на нивниот брак” ..
Тие сакале да стапат во брак и покрај тоа што се премногу млади и без разлика на противењето на нивните семејства. Планирале младоженецот да се разнесе со бомба, а младата невеста како вистински маченик и вдовица да побегне во Сирија.
Оваа приказна за двајцата млади Французи кои го прифатиле исламот ја објави “Le Monde”, а кон овој случај за среќа многу брзо се свртеле голем број истражувачи. Тоа, како што кажала младата невеста по нивното апсење, го уништило нивниот “феноменален план”.
Станува збор за 20-годишниот Томас С. и неговата 16-годишна невеста, кои се запознале на некој муслимански портал. Тој во тоа време бил невработен и веќе бил означен како личност која се радикализирала и која би можела да биде вклучена во терористички напади. Во текот на 2015-та година безуспешно се обидувал да стигне до Сирија. Несудената невеста по потекло е од Хрватска од страната на нејзината мајка – која го прифатила исламот заедно со ќерка си откако била контактирана од страна на Мароканец.
Во меѓувреме двајцата млади дополнително се радикализирале. Девојката го напуштила училиштето, се состанувале во тајност и планирале свадба. Додека барале некој кој би можел да ги венча се поврзале со Рашид Касим, раперот кои е обвинет дека стои зад голем број терористички напади во Франција.
Во замена на подготовките за свадба, младиот брачен пар морал да сними видео во кое се колнат на верност на “калифатот”, односно “Исламската држава”.
Наскоро приказната за свадба се претворила во планирање на терористички напад на Ајфеловата кула.
Двајцата се уапсени, а во претрагата на станот на бомбашот самоубиец бил пронајден хемиски материјал и 70 грама експлозив каков што веќе беше користен во неколку напади на Париз. И покрај малата количина станува збор за многу нестабилна и екплозивна мешавина која е многу опасна за ракување.