До најлудата ноќ во годината останува уште многу малку, дел од скопјани знаат каде ќе слават, на останатите им останува што побрзо да се одлучат. Граѓаните за дочекот имаат неколку опции: да се забавуваат во некои од скопските кафулиња, дискотеки или кафеани, да одат на плоштад и да слушаат домашна музика или пак најевтината варијанта е да си останат во домашна атмосфера со најблиските, на топло и со полна трпеза
И оваа година локалите кои организираат новогодишни прослави понудија мени со празнични цени. Оние што ги прашавме велат дека цените за дочекот ќе се движат од илјада денари па нагоре, во зависност од тоа за каков вид прослава ќе се одлучат скопјани.
– Кај нас цените за дочекот се 2100 денари со неограничено пиење, а од храна ќе има мешана скара, прасечко месо, даски, салати. Гостите ќе ги забавува бенд
Во кафуле понуда за најлудата ноќ е 1000 денари со 5 пијачки, во друго 700 денари со три пијачки.
Како минатите години, така и оваа, заради повисоките цени голем дел од граѓаните велат дека ќе ја избегнат прославата во некој од скопските локали и најлудата ноќ ќе ја поминат во домашна атмосфера.
Сите граѓаните кои ќе се одлучат за бесплатна забава, новогодишната ноќ можат да ја поминат на градскиот плоштад
Бугарија и Грција се најпосакуваните дестинации на Македонците за пречек на Новата година. Од останатите европски дестинации најатрактивни за Македонците се Виена, Прага и Милано.
Во Бугарија пакетот за празникот варира помеѓу 100 и 150 евра за три ноќи, додека во Грција можете да потрошите за Нова година помеѓу 75 и 125 евра.
Оние кои одлучуваат да ја поминат Нова Година во некоја од останатите европски метрополи ќе треба да одвојат помеѓу 150 и 350 евра во зависност од дестинацијата, бројот на ноќевањата и условите кои се вклучени во цената.
Поефтино излегува во Истанбул и Букурешт, а најскапо во Малта и Дубаи, прославите таму достигнуваат цена и до 600 евра.
Според туристичката индустрија намалениот интерес за патувања во Западна Европа се должи на неодамнешните терористички напади во Франција, која ќе ја одбележи Нова Година, но без огномет.