Синодот на Српската православна црква го разреши митрополитот зворнишко-тузлански Василиј Качавенда, пренесе електронското издание на српскиот весник “Блиц”.
Досегашниот митрополит не сакал да ја коментира одлуката на Синодот.
Скандалозниот владика Василиј Качавенда стана познат во последните неколку дена, откако во медиумите се појавија фотографии на кои се гледа дека се бакнува со младо момче.
Порано до Светиот синод бил пристигнат и видео материјал на кој се гледа дека владиката има сексуални односи со четири момчиња.