Си стрелал со харпун во глава и не му е ништо (Видео/Фото)


harpun glava

Бразилските доктори останале шокирани од глетката која ги дочекала во болницата во Петрополис, откако примиле човек кој самиот се застрелал со харпун во главата.

34-годишниот Бруно Барселос де Соуза Кутињо ја чистел својата рибарска опрема кога се случила несреќата, но неверојатно тој останал без никакви повреди на мозокот.

Харпунот му навлегол 15 сантиметри во черепот, а влегол низ левото око, длабоко забивајќи се во мозокот.

Инаку, несреќниот Бруно дури еден ден по несреќата побарал лекарска помош и тоа по наговарање на семејството, пишува „AP“.

-harpun-vo-glavata3

„Ова е навистина неочекувана ситуација. Овој пациент и покрај продупчување на целиот мозок не покажува никакви знаци на пореметување на мозочните функции.

Харпунот поминал низ место при кое не оштетил никакви важни структури на мозокот или некакви крвни садови. Ни вадењето на харпунот од главата на пациентот не предизвика никакви невролошки оштетувања“, рекле шокираните доктори кои многу ретко се сретнуваат со вакви случаеви.

Иако на де Соуза Кутињо му се заканува инфекција поради длабочината на раната, сепак докторите веруваат дека веќе за неколку дена ќе можат да го пуштат од болница.

harpun-vo-glavata2

-harpun-vo-glavata3
-harpun-vo-glavata4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1