Oпасни држави за патување


Кога го планираме патувањето, особено доколку станува збор за патување во странство, често пати правиме голема грешка и целосно ги исклучуваме размислувањата за сопствената безбедност.

mapa44Неодамнешните напади во Бразил и Индија поставија нови прашања за безбедноста на туристите, а Си-Би-Си врз основа на податоците на кандадското Министерство за надворешни работи изработи мапа на која покажува колкав е ризикот за патниците во поединечни држави.

На пример во Бразил изминатите години има зголемен број на силувања и расте загриженоста за безбедноста на туристите, кои од 2014 година ќе доаѓаат на Светското фудбалско првенство и две години години подоцна на Олимписките игри. Слични напади се случуваат и во Индија.

Листата предупредува на опасност во Израел, особено напоменувајќи да се избегнуваат Појасот Газа и Западниот Брег. На црната листа е и Мексико, за кого се наведува дека бројот на убиени државјани на САД, под различни околности во 2011 година изнесувал 113, а во првите шест месеци на 2012. 32.  Не е јасно зошто Бразил не е на американската листа, со оглед на тоа дека оваа држава ја има една од највисоките стапки на убиства по глава на жител.

Избегнување на секаков вид патување се препорачува за Авганистан, Судан, Иран, Ирак и Северна Кореја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1