СПЦ: „Вранишкоски нема да си оди од Македонија“


Неприфатлив е притисокот архиепископ Јован Вранишкоски да ја напушти Македонија како услов за неговото ослободување, се истакнува во писмото што СПЦ неодамна преку скопски курир се обидела да го достави до МПЦ-ОА и нејзиниот архиепископ г.г. Стефан. Пратката, чија содржина вчера беше објавена на интернет-страницата на СПЦ, ја содржи и одлуката со која оваа црква решила да почне црковно-судска постапка против него поради „упорното останување во раскол“. Целото писмо, всушност, претставува остар напад против македонската црква поради прогонот на Вранишкоски и одговор на наводите за криминалот на расчинетиот владика што во писмо до православните цркви и владици ги испратил архиепископот г.г. Стефан. „Дневник“ пред неколку дена објави дека пратката испратена по скопски курир, кој барал да биде заверена во црковната архива била одбиена во Архиепископијата.

stefan– Преку властите на вашата земја ни доставивте непристоен предлог со кој ослободувањето на архиепископот Јован го условувате со неговото напуштање на Република Македонија. Тој со тоа не се согласува, дури и по цена да не биде предвремено ослободен од затворот. Не само тој, туку и ние сметаме дека таков вид притисок врз нашата црква е неприфатлив – се наведува во писмото потпишано од српскиот патријарх Иринеј.

Македонскиот архиепископ Стефан во писмото до православните цркви детаљно објаснил каков криминал направил Вранишкоски додека бил во македонските црковни редови. Тој потенцирал дека, навистина, „не личи еден владика да е во затвор, но уште помалку да прави криминал“. Тој ги навел случаевите поради кои е обвинет и осуден со прашањето ако за такви и слични дела можеа да бидат лишени од положбата и ерусалимскиот патријарх Иринеј, грчкиот митрополит Пантелејмон и неколку владици на СПЦ, зошто да не можел и Вранишкоски.vartolomej-i-irinej-1-630x417
Во своето писмо српскиот патријарх Иринеј наведува дека обвинувањата против Вранишкоси почнале дури откако тој ~ се приклучил на СПЦ, а не претходно. Судските прогони, смета тој, биле мотивирани од таа причина.

– Kако е можно тој да изврши кривично дело „перење пари“ во износ од 4.940.790 денари, а за кои вие претходно тврдите дека ги потрошил во периодот од 1998 до 2002 година. Излегува, дека се „перени“ парите што се веќе потрошени. Архиепископот Јован му вратил на г. Трифун Kостовски 57.180 евра, за кои се товареше. Не постои никаква сметка во Бугарија -одговара српскиот архиепископ.

Тој на македонскиот архиепископ му се обраќа како на „Неговото високопреосвештенство г. Стефан, архиепископ охридски во раскол“. Во писмото тој му порачува на г.г. Стефан дека „единствено тој се спротивставува на ослободувањето на Вранишкоски од затвор“.

– Тоа затоа што немате храброст да му погледнете в очи по с` она што сте му сториле неправедно и затоа што вашето поставување на архиепископски трон не е потврдено не само од српскиот патријарх, туку и од сите други православни поглавари – вели Иринеј.

Во писмото додава дека во МПЦ постои разединетост и оти „има с` повеќе лица што не се согласуваат со немилосрдниот прогон на архиепископ Јован, а кои тоа јавно го зборуваат“.

Архиепископот Стефан вечера реши да не ги коментира ваквите тврдења, а одговорот на МПЦ-ОА ќе следува на синодската седница, која ќе се одржи во октомври.

– Тогаш ќе го кажеме ставот – ни рече синодскиот портпарол, владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј: Никогаш нема да се откажам од автокефалноста

– Јас ни за милиметар и никогаш нема да отстапам од нашата црковна автокефалност. На таа позиција стојам и тоа треба да им е на сите јасно. Мојот личен став дека Вранишкоски треба да биде помилуван е мотивиран од чисто хумани и причини, кои треба да овозможат да ги деблокираме меѓуцрковните преговори. Лично, сметам дека нашиот црковен проблем нема да го решат нашите генерации на српски и македонски владици.

Инаку, за мојот став и однос кон Вранишкоски доволно е да ви го кажам следното: кога се гласаше на Синодот тој да стане викарен епископ, јас бев против тоа, кога се гласаше да биде избран за митрополит, бев категорично против. Бев против и кога беше предложен да стане професор на нашиот Богословски факултет, оти сметав дека не заслужува такви позиции. Тој тогаш и ме праша зошто гласам против него и јас в лице му кажав зошто – ни изјави владиката Тимотеј.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1