СРАМ: 20 Македончиња учат во контејнери, Албанчињата во зграда во тетовско ФОТО


Во зимскиот период без греење, вo лето на високи неподносливи температури. Во вакви услови учат учениците Македонци од село Непроштено. Дваесет основци наставата на македонски јазик десетина години ја следат во овие два контејнерa, каде за време на косовската криза во 1999 година беа сместени бегалците во кампот лоциран покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, јавува Телма телевизија.

neprosteno_uciliste_kontejnerПоради дотраената инсталација оневозможено е вклучување на грејни тела и клима уреди, затоа што при секој висок напон снемува струја. Во овие лимени објекти нема ниту канцеларии за наставниците, тоалетите се во катастрофална состоојба, а компјутерот и спортската сала за овие ученици е мисловна именка.

Жителите Македонци од Непроштено сметаат дека нивните деца се дискриминирани. Ученициите Албанци од Непроштено учат во училишен објект кој ги исполнува сите стандарди, велат тие за тв Телма.

Учениците Македонци од Непроштено припаѓаат под основно училиште „Еќрем Чабеј“ од село Слатино. Директорот на оваа образовна институција неколку дена не беше достапен да даде изјава, за лошите услови во лимените објекти. И Министертвото за образование не е заинтересирано за проблемот. Надлежното Министерство е без коментар дали ќе се изнајде решение за основците од Непроштено.

Видео на – Телма телевизија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1