Србија го набави лекот против коронавирусот


Во Србија од понеделник за пациентите ќе биде достапен новиот лек против коронавирусот „ремдесивир“, јави допсиникот на МИА од Белград.

Директорот на Републичкиот фонд за здравствено осигурување проф. Д-р Сања Радојевиќ Шкодриќ за РТС изјави дека Србија набавила „ремдесивир“, лек против Ковид-19, и дека неговата дистрибуција ќе почне од понеделник.

-Тоа е многу скап лек, што се дава само во одредена фаза на болеста и ќе се дава само со конзилијарна одлука, кажа лекарката.

Според неа, лекот ги минал сите предвидени процедури.

-Поради епидемијата на коронавирус и се додека не ја добиеме соодветната вакцина, особено е важно сите ранливи групи да примат вакцина против грип, но и против пневмокока, кажа таа.

Во Србија пристигнаа дополнителни количества на пневмококна вакцина, што е особено важно за имунизација на лица постари од 65 години кои престојуваат во институции за сместување на стари лица и возрасни.

Во Србија од март годинава официјално се регистрирани повеќе од 34.000 лица заразени со коронавирус, а 760 лица починаа. Во последно време се регистрираат повеќе од сто пациенти на дневно ниво.

Во сила се мерките против пандемијата: задолжително носење маска во затворен простор, во јавниот превоз и на отворено каде што не е можно да се држи растојание, забрането е да се собираат повеќе од 30 лица во затворен простор, освен во културни институции каде што се дозволени 500 лица.

Граѓаните што се враќаат од странство се под десетдневен засилен надзор.

Новата мерка на Кризниот штаб е дека сите објекти, освен пумпите и аптеките, можат да работат до 23 часот, вклучително и терасите на кафулињата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1