Србија воведува полициски час


Српскиот претседател рече дека од утре од 20 часот до 5 наутро има забрана за движење на сите лица и дека никој не мож еда биде на улица, освен надлежните органи и оние кои работат во трета смена.

По седницата на српската Влада, претседателот на државата, Александар Вучиќ ги најави новите мерки против коронавирусот меѓу кои и полициски час и одложување на изборите.

– Од сабајле во 10.00 во сите урбани средини апсолутно е забранет излез за луѓе постари од 65 години, а за помалите места, забрана за сите постари од 70 години, рече Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека од утре од 20 часот до 5 наутро има забрана за движење на сите лица и дека никој не мож еда биде на улица, освен надлежните органи и оние кои работат во трета смена.

– Војската ја презема контролата на сите гранични премини, врз сите мигрантски кампови и сите болници во државата, соопшти Вучиќ.

Тој рече дека 35.800 српски државјани се вратиле за еден ден, над 45.000 за ден ипол. Од над 7.000 контролирани, дома не се најдени над 80% во самоизолација.

– Изборите се одложуваат, изборните активности се прекинуваат. Датумот на изборите ќе се договори кога Србија ќе се избори со корона вирусот, рече Вучиќ.

Народната банка на Србија (НБС) на денешната вонредна седница на Извршниот одбор усвои одлуки со кои се пропишува застој во отплатата на обврските на должниците (мораториум).

Имајќи ја предвид потребата од одржување на постигнато ниво и дополнително зајакнување на стабилноста на финансискиот систем во услови на потенцијални ризици предизвикани од вонредна здравствена состојба во земјата, НБС донесе Одлука за привремени мерки за зачувување на стабилноста на финансискиот систем и Одлука за привремени мерки за даватели на лизинг со цел да се одржи стабилноста на финансискиот систем.

По повод усвоените мерки, гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ изјави дека е неопходна финансиска стабилност и во редовни и посебно во вонредни околности во земјата.

– Народната банка на Србија, во координација со другите државни органи, ги презема и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на стабилноста и во вонредни околности да ја олесни позицијата на граѓаните и економијата на Република Србија. Свeст за неопходност за одговорно однесување на сите учесници на пазарот во овие чувствителни моменти е од непроценливо значење за надминување на тешкотиите со кои можеме да се соочиме, вели Табаковиќ, се наведува во соопштението на НБС.

Мораториумот е пропишан за сите должници кои го сакаат тоа (физички лица, земјоделци, претприемачи и компании), и подразбира застој во отплатата на обврските кој не можe да биде покус од 90 дена, односно од времетраењето на вонредната состојба воведена поради пандемијата.

Во овој период, должникот не е обврзан да ги отплаќа своите обврски по основа на кредити или лизинг.

Секако, според НБС, должниците на банките, односно примателите на лизинг, не се спречени редовно да ги подмируваат своите обврски и по спроведувањето на овие мерки.

– За време на вонредната состојба, банката, како и давателот на лизинг, нема да пресметуваат затезна камата на доспеаните а неподмирени долгови и нема да иницираат постапка за извршување односно присилна наплата, ниту пак ќе преземат други правни активности за да ги наплатат своите побарувања од клиентите, соопшти НБС.

Покрај тоа, банката, како и давателот на лизинг, нема да можат да бараат од заемопримачот никакви трошоци поврзани со спроведувањето на донесените регулативи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1