Србија добива преговори со ЕУ најдоцна во јануари


Советот на министри на ЕУ им препорача на лидерите на земјите-членки во петок (28.06) да одредат датум за отворање пристапни преговори за влез на Србија во Унијата. Препораката е тоа да се случи најдоцна во јануари 2014.

eston dacicПо подолга дискусија Советот на министри дојде до консензус и едногласно им препорача на лидерите на ЕУ да отворат преговори за членство со Србија кои треба да почнат најдоцна во јануари следната година. Прифаќањето на оваа препорака ќе и‘ овозможи на Европската комисија веднаш да започне со изработка на преговарачка рамка, а потоа и процес на скрининг, односно усогласување на српското со европското законодавство.

„Нашите препораки произлегуваат од позитивниот развој на случувањата во тој регион“, изјави претседавачот на Советот, ирскиот министер за надворешни работи, Емон Гилмор.

„Од Кетрин Ештон и Штефан Филе бевме известени за напредокот во примената на договорот меѓу Белград и Приштина. Верувам дека овие препораки ќе ги охрабрат двете земји да продолжат на патот кон целосна нормализација на односите. Денеска испраќаме силна позитивна порака до Србија и Косово за поддршка на нивниот европски пат“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1