Српскиот министер за полиција, Небојша Стефановиќ, најави дека ќе се донесе закон, според кој ќе им се забрани на мадите возачи да управуваат со возило од 23 часот навечер до 6 часот наутро.
Ова се прави, како што изјави министерот, за да се спречат младите да возат во алкохолизирана состојба.
Последниов период во Србија се случија неколку тешки сообраќајки, во кои настрадаа млади луѓе.