Србија нема да го екстрадира Даравелски


Поранешниот шеф на Царинската управа, Драган Даравелски, кој во земјава е осуден во отсуство на седум години затвор, нема да биде екстрадиран во Македонија.pravda sud

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше денеска дека Министерството за правда на Србија, иако го добило барањето за екстрадиција, ја повлекло одлуката.

Oд министерството за правда на Србија информираат дека Даравелски употребил правни лекови, вложил жалба и се додека неговата жалба не се расгледа нема да можат да кажат дали до екстрадиција ќе дојде или не.

Даравелски вчера беше уапсен врз основа на потерница издадена од Македонија. Осуден е поради злоупотреба на службената должност и во 2007 година во отсуство беше осуден на 7 години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1